Далас го победи Шарлот со 68 поени разлика

Далас Маверикс ги декласираа Шарлот Хорнетс со 127:59, во претсезонскиот натпревар во НБА лигата. Ова е најголема победа во претсезонски натпревар во историјата на НБА и израмнување на рекордно високата победа во најсилната кошаркарска лига во светот. Во 1991 година, со 68 поени разлика Детроит Пистонс го победија Мајами Хит (148:80).

Хорнтес, франшиза која се наоѓа во сопственост на Мајкл Џордан, држеа чекор со противниците само во првата четвртина, по која Далас имаа предност од седум поени (24:17).

Останатите три четвртини Маверикс ги добија со 24, 19 и 18 поени разлика. Хорнест имаа реализација од поле 27,4 отсто, а за три поени само 15,8 отсто.

Маверикс до рекордната победа ги предводеа Тим Хардавеј јуниор со 20 поени и Кристапс Прозингис со 17 поени и девет скокови. Лука Дончиќ за 26 минути забележа 10 поени и осум асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.