Косовскиот сојуз во преговори со Роберто Карлос

Фудбалската репрезентација на Косово во вторникот ги загуби шансите за пласман на Светското првенство. Логично, цехот за неуспехот го плати селекторот. Косово е во потрага по нов шеф на стручниот штаб.

Вчера, речиси сигурен избор беше Германецот Феликс Магат, но денес косовските медиуми пишуваат дека блиску до клупата на Косово е Роберто Карлос.

Еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот нема големо искуство како тренер. Последен пат работел во 2015 година во Индија, во Делхи Дајнамикс.

Бразилецот светска слава стекна во дресот на Реал Мадрид. За „кралскиот клуб“ одиграл 370 натпревари и постигнал 47 гола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.