„Нула“ на „Олимпико“ – крај на победничката серија на Наполи

Победничкиот старт на Наполи во Серија А заврши на осум натпревари, откако на гостувањето на „Олимпико“ кај Рома на Жозе Мурињо одиграа само 0:0, резултат, кој сепак, ги враќа на првото место на табелата со ист број на поени со Милан.

Тимот на Лучано Спалети ги изненади сите со атомскиот старт на сезоната, но против Рома, која беше „ранета“ по историскиот 6:1 пораз од Бодо/Глимт во Конференциската лига на УЕФА, не успеаја да го најдат патот до голот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, овојпат не беше стартер, и Спалети му даде шанса во 71. минута кога го замени Чаки Лозано. Наполи и Милан имаат по 25 поени на врвот на табелата, додека Рома е четврта со дури 9 поени заостанување.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.