Синер е најмладиот по Ѓоковиќ со пет титули во една година

Италијанската тениска ѕвезда, Јаник Синер го декласираше Диего Шварцман со 6:2/6:2 за да ја освои титулата од Европа опен во Антверпен, Белгија за да стане најмладиот тенисер по Новак Ѓоковиќ кој во една година успеал да стигне до пет АТП титули.

Синер, кој со своите 20 години е најмладиот италијански тенисер кој влегол во топ 15 на АТП листата, доминираше против Шварцман, откако во првиот сет од 0:1 поведе со 5:1 и потоа лесно го комплетираше мечот. Синер не загуби сет во Антверпен, и победата го носи поблиску до место на АТП финалето во Торино, каде што е 11. во т рката со 2845 поени, а еден играч пред него, Рафаел Надал нема да игра на завршниот турнир.

Во Москва пак, домашната тениска надеж Аслан Карацев го совлада Марин Чилиќ со 6:2/6:4 за титулата од Кремљ опен, негов втор тирумф оваа година, во која блесна на Австралија опен, каде што стигна до полуфиналето како квалификант.

„Остварување на сонот од детството, бидејќи ова е турнир каде што почнав да играм во квалификациите и сега го кревам трофејот“, вели 28-годишниот Карацев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.