Првите патики на Џордан продадени за 1,5 милиони долари

Првите патики на Мајкл Џордан се продадени за рекордна цена за обувки на аукцијата која ја организираше „Sothbey’s“.

Патиките од серијата „Nike Air Ships“, Џордан ги носел на натпреварот против Денвер Нагетс на 1.ноември 1984 година.

По завршувањето на натпреварот, Џордан патиките му ги подарил на едно од момчињата кои биле задолжени да ги собираат топките и да го бришат паркетот.

„Sothbey’s“, објави дека патиките биле продадени во Лас Вегас, за сума од 1.472.000 долари.

Предметите кои биле во сопственост на Мајкл Џордан, за многумина најдобриот играч во историјата на кошарката, се најбарани кај колекционерите.

Патики кои Џордан го носел во 1985 година, од серијата „Nike Air Jordan 1 High“, во август минатата година, беа продадени за 615.000 долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.