„Јуве само од пенал можеа да постигнат гол“

„Дерби дела Италија“, синоќа заврши без победник 1:1. Јувентус од пораз прптив Интер се спаси од пенал во претпоследната минута. Незадоволен од конечниот исход е тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

„Судијата беше во право. Имаше добра позиција, не мораа да го викаат да ја гледа ситуацијата повторно. Разочаран сум, заслуживме повеќе“, рекол Инзаги и дополнил.

„Мислам дека Јуве можеа да ни дадат гол само од пенал. Разочаран сум, го контролиравме натпреварот, не му дозволивме на Јувентус да развие игра. Не сум среќе, фрливме два бода“, заклучил Инзаги.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.