Кјелце го декласираше ПСЖ, Сегед го победи лидерот

Кјелце го декласираше Пари Сен-Жермен во дербито во групата Б од ЕХФ Лигата на шампиони со 38:33 за да се искачи на првото место, додека Сегед му го нанесе само вториот пораз на Алборг, лидерот во групата Б победувајќи го со 31:28.

Тимот на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез почна подобро во Полска, поведувајќи со два гола разлика, но потоа Кјелце влезе во серија за на полувреме да се отиде со пет гола предност (17:12). Во второто полувреме, тие го оддржуваа водството за петта победа во шест кола во ЛШ. Шимон Сичко и Дилан Нахи беа најефикасни за Кјелце со шест гола, додека Елохим Пранди уфрли пет гола за ПСЖ.

Во Унгарија пак, Сегед имаше предност од четири гола во првото полувреме (17:13), пред да го изддржи камбекот на Алборг за тесна победа од 31:28.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА А

Пик Сегед – Алборг 31:28 (17:13)

ППД Загреб – Монпелје 20.45 ч.

Вардар – Кил 20.45 ч.

 

 ГРУПА Б

Кјелце – Пари Сен-Жермен 38:33 (19:14)





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.