„Не се срамам што го удрив Аспиликуета, повторно би го направил тоа“

Шведска, во петокот, ќе го дознае противникот во баражот за пласман на Светското првенство. Полу-финалето, ќе го пропушти Златан Ибрахимовиќ, поради жолти картони.

Парниот жолт картон 40-годишнот ветеран го доби против Шпанија, кога со намера го удри Цесар Аспиликуета. Од црвен картон го спаси само неговата репутација.

 

 

Во разговор за „Гардијан“, Ибрахимовиќ, признал дека намерата му била да го удри противникот.

„Намерно го направив тоа. Не се срамам. Тој претходно му направи нешто многу глупаво на еден од моите соиграчи. И повторно би го направил тоа за да разбере дека такви работи не смее да прави и би му кажал: „Немаш ма..а мене тоа да ми го направиш, но сепак ќе ти покажам што ќе се случи доколку мене ми го направиш тоа“. То е причината за мојот старт“, изјавил Ибрахимовиќ.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.