Роналдињо пак може да заглави во затвор – не плаќал на поранешната девојка!

Легендарниот бразилски поранешен фудбалер, Роналдињо може повторно да заглави во затвор, откако не плаќал пари на својата поранешна девојка, твдат бразилските медиуми, кои додаваат дека тој мора да го „среди“ долгот со Присила Коељо до 1 декември за да избегне одземање на негов имот и затворска казна.

Адвокатот на Коељо потврди дека „дојде време да се плати“, посочувајќи дека бразилскиот суд утврдил дека тој треба да и плаќа околу 15.000 евра месечно според законот кој утврдил дека таа му е „сопруга од обичајно право“.

 

 

Се верува дека Роналдињо во моментов живее во Дубаи и судот во Бразил не може да контактира со него. Во мај 2018 година година, Роналдињо мораше да демантира дека се оженил со две жени – Присила и Беатриз Соуса во исто време, иако самиот тоа го призна во интервју за бразилски весник. Година дена подоцна, Присила, која почнала врска со Роналдињо кога тој играше во Атлетико Минеиро побара алиментација.

Ова не е прв проблем со законот за поранешниот фудбалер на Барселона и Милан – тој помина шест месеци во затвор и во домашен притвор во Парагвај откако заедно со својот брат, Роберто де Асис Мореира влегоа во оваа земја со лажни пасоши. На крајот, двајцата браќа беа ослободени со казна од 200.000 евра.

Кога една не е доволна – Роналдињо ќе се ожени со две жени

Роналдињо го прослави 40-тиот роденден со затворска скара





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.