Стеф подобар од Сет Кари, Леброн броеше до 39, сјајни партии на играчите од Балканот

Голден стејт Вориорс и Финикс Санс ги продолжија победничките серии во НБА лигата. Водечките екипи во лигата славеа во Фладелфија, односно Кливленд. Изминатата ноќ, Лејкерси, предводени од Леброј Џејмс, победија во Индијанаполис.

Вориорс ја победија Филаделфија 116:96 и покрај тоа што во втората четвртина имаа минус од 19 поени (35:54). Мечот мина во знакот на браќата Кари, Стеф за Вориорс забележа 25 поени и 10 асистенции, а Сет ја предвидеше Филаделфија со 24 поени.

 

 

Вориорс со скор од 16 победи и два порази се лидери во лигата, еднаш зад нив се Финикс Санс (15-3). Изминатата ноќ, предводени од Девин Букер (35 поени), Санс победија во Кливленд 120:115.

Леброн Џејмс се врати во тимот на Лејкерс, откако ја одлежа суспензијата за инцидентот во Детроит и го предводеше тимот со 39 поени.

Лејкерси, по едно продолжение, ги победија Индијана Пејсерс со 124:116.

Покрај Џејмс кај Лејкерси се истакна и Расел Вестбрук со 20 поени, седум скока и пет асистенции.

Најдобар кај Индијана беше Малком Бронгдон со 28 поени.

Добри настапи за своите тимови, изминатата ноќ имаа играчите од просторите на поранешна Југославија.

Јусуф Нуркиќ во поразот на Портланд од Сакраменто 121:125, забележа 28 поени и 17 скока.

Бојан Богдановиќ постигна 19 поени во триумфот на Јута Џез над Оклахома сити Тандер 110:104.

Никола Вучевиќ оствари „дабл-дабл“ од 14 поени и 13 скока, во поразот на Чикаго од Хјустон 118:113. Хјустон на овој начин ја прекина серијата од 15 порази.

Богдан Богдановиќ со 18 поени беше еден од најзаслужните за победата на Атланта во Сан Антонио 124:106.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.