Шкендија со победа во Ѓорче Петров, Сандеј и Шкупи ја „торпедираа“ Струга

Шкендија стигна до 2:1 победа кај Македонија Ѓорче Петров во дербито на 15. коло во македонската Прва лига за трет триумф во низа, но лидерот Шкупи не дозволи изненадување и со четири гола во второто полувреме стигна до 4:0 победа над Струга за да остане на четири поени пред Академија Пандев и седум пред Шкендија.

Сидрит Гури ја донесе Шкендија во водство уште во 11. минута, а играта целосно се мени кога Филип Мишевски доби втор жолт картон во 25. минута оставајќи ги Македонија со играч помалку. Шкендија го искористи ова и во 77. минута преку Аденис Шаља зголеми на 2:0, а домаќините намалија преку нововлезениот Абу Камара во 83. минута.

 

 

Во Чаир пак, Струга до 55. минута изддржа за 0:0 со лидерот Шкупи, пред Сандеј Адетуџи да постигне хет-трик за 15 минути да го реши победникот.

Тиквеш ја продолжи мизерната серија на Работнички на три порази, по 2:0 победата во Кавадарци, Пелистер и Скопје одиграа реми без голови, додека Брегалница со 2:1 беше подобра од Борец.

Фото: ФК Шкендија

ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО

Брегалница – Борец 2:1

Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 1:2

Пелистер – Скопје 0:0

Шкупи – Струга 4:0

Тиквеш – Работнички 2:0





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.