Ливерпул го слават Ориги, ги реши „волците“ во 94. – конечно триумф и за Њукасл

Благодарение на погодокот на Дивок Ориги во 94 минута од мечот кај Вулверхемптон, тимот на Јирген Клоп стигна до важни три бода во борбата за титулата во Премиерлигата.

Иако 90-тина минути „црвените“ не успеваа да ја затресат мрежата на „волците“, сепак упорноста се исплатеше, па еден од петте удари во рамки на голот на Хосе Са заврши во неговата мрежа.

 

 

Ливерпул сега е лидер на табелата со 34 поени, 1 повеќе од Челси кој киксираше денеска кај Вест Хем.

Од останатите мечеви во редовниот саботен термин вреди да се издвои победата на Њукасл против Барнли со 1-0. „Црно-белите“ стигнаа до првиот триумф сезонава со голот на Вилсон во 40 минута.

Сега се претпоследни на табелата со 10 бода колку што има и фенерџијата Норич кој има очајна гол разлика.

Со поделба на пленот заврши дуелот во Саутемптон. Домаќините ремизираа со Брајтон, 1-1 иако веќе ги имаа впишано трите бода.

Броха во 29 минута донесе водство од 1-0 за домашните, а конечниот резултат го постави Маупау во 98 минута.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.