Конте побарал да му донесат десен бек и двајца напаѓачи

Менаџеорт на Тотенхем, Антонио Конте, побарал од претседателот Даниел Леви да реагира на трансфер пазарот. Конте смета дека му се неопходни најмалку тројца фудбалери за да може да се бори за место во Лигата на шампионите.

Конте побарал десен бек и двајца напаѓачи од газдата на клубот. Адама Траоре е означен како приоритет за десната бековска позиција. Траоре, за разлика од минатата сезона, оваа не се наоѓа во добра форма.

 

 

За да го донесе Шпанецот во Лондон, Конте планира да го продаде Мет Доерти, кој за 18 месеци не успеа да се избори за некоја позначајна улога во тимот.

Покрај Доерти, дозвола да го напуштат тимот имаат Деле Али, Тангиј Ндомбеле и Стивен Бергвајн. Засега конкретна понуда има само за Бергвајн. Ајакс за овој напаѓач понудиле 18.000.000 евра.

Желбата на Конте е нападот да го засили со Душан Влаховиќ, но тоа ќе биде тешка мисија бидејќи Фиорентина нема намера да го пушти за помалку од 70.000.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.