Роси ќе се натпреварува на четири тркала

Валентино Роси, во четвртокот, ја официјализира соработката со „WRT Audi“, екипа која се натпреварува во „GT“ шампионатот. Роси, во 2022 година ќе вои на десет трки во издржливост и спринт за овој тим.

Роси, кој пред два месеци стави крај на кариерата во Мото ГП, кариерата ќе ја продолжи возејќи на четири тркала.

 

 

Тој ќе се натпреварува во европскиот „GT“, каде се тркаат возила прилагодени според стандардите на FIA GT3.

„Докторот“, во декември, бил на тестирањата во Валенсија, а овој месец потпишал договор, кој го обврзува да вози во 2022 година.

Првата трка ќе се вози во април, во Имола. Исто така, Роси во јули ќе има можност да вози пред домашната публика во Мизано. Исто така тој прв пат во кариерата ќе вози трка која трае 24 часа. Оваа трка се вози во Спа Франкошамп.

Новиот тим на Роси минатата година ја освои шампионската титула.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.