Тухел е најдобриот тренер, Данците со фер-плеј наградата на ФИФА

Менаџерот на Челси, Томас Тухел е прогласен за најдобар тренер изминатата сезона во изборот на ФИФА Бест наградите, откако за неколку месеци ги трансформираше „сините“ и со нив ја освои титулата од Лигата на шампионите.

Германецот, кој доби отказ од Пари Сен-Жермен, го смени Френк Лампард на клупата на клубот од Лондон, и успеа да ги внесе во топ 4 во Премиерлигата, но уште поважно по вторпат да го донесе на „Стемфорд Бриџ“ трофејот од ЛШ по победата над Манчестер сити во финалето.

 

 

Двојниот успех на Челси го комплетираше и Ема Хејс, тренерот на женскиот тим на „сините“, која ја доби наградата за најдобар тренер во женскиот фудбал, откако ги освои трите домашни трофеи во Англија првпат во историјата на клубот, и го предводеше тимот до финалето на Лигата на шампионите.

Данската фудбалска репрезентација, заедно со тренерскиот, помошниот и лекарскиот тим, се освојувачи на наградата за ферплеј по случките на ЕУРО 2020, кога на нивниот прв меч против Финска, Кристијан Ериксен доби срцев удар, по што му беше спасен животот по брзата реакција на нивниот лекарски тим. Исто така наградата од фановите оди кај навивачите на Данска и Финска за однесувањето на тој меч.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.