Циркуз! Мајк Тајсон ќе се врати во рингот против Јутјуб ѕвездата Џејк Пол?

Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија и „најлошиот човек на планетата“, Мајк Тајсон е во напреднати преговори со Јутјуб сензацијата, Џејк Пол за меч од 50 милиони долари во Лас Вегас оваа година, тврдата американските медиуми.

55-годишниот „Челичен“ Мајк се врати на боксот во 2020 по 15-годишно отсуство, откако имаше егзибициски меч против уште еден ветеран Рој Џонс Јуниор во Лос Анџелес, и сега е подготвен да влезе во рингот со 24-годишниот Пол, кој има 5-0 скор во боксерските мечеви.

 

 

Според изворите од Лас Вегас, Тајсон бил „загреан“ за ваков меч, но дека сега треба да се „погодат“ сумите кои двајцата ќе треба да ги заработат.

Пол во последниот меч го нокаутираше поранешниот УФЦ шампион, Тајрон Вудли во римеч, а претходно боксуваше и со Јутјуберот Ан Есон Гиб, НБА кошаркарот Нејт Робинсон и уште еден поранешен УФЦ фајтер, Бен Аскрен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.