Зверев: Во Австралија никој не тестира, сигурно има заразени тенисери

Германската тениска ѕвезда, Александер Зверев вели дека најверојатно има уште тенисери заразени со КОВИД на Австралија опен, бидејќи никој не ги тестира на турнирот.

Французинот Иго Умбер во средата потврди дека имал позитивен тест на КОВИД-19, еден ден по неговиот пораз во првото коло од Ришар Гаске, по што замина на еднонеделна изолација.

 

 

„Ни дозволуваат да излегуваме на јадење, да правиме што сакаме, така што е нормално повеќе луѓе да имаат КОВИД. Мислам дека повеќе од тенисерите имаа КОВИД кога пристигнаа, и сигурно и сега имаат. Никој не не тестира. Тука сум да играм и знам дека има многу позитивни случаи во Мелбурн и Австралија, така што не одам многу надвор, не сум бил во ресторани“, изјави Зверев по победата над Џон Милман во второто коло.

Според „Ројтерс“, организаторите на Австралија опен бараат секој тенисер сам да прави антигентски брзи тестови секојдневно, додека официјални тестови се прават на денот кога тенисерите пристигнуваат и по седум дена од нивното пристигнување.

Австралискиот тенисер Бернард Томич во текот на квалификациите минатата недела исто така посочи дека немало ниту еден официјален ПЦР тест пред неговиот настап.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.