Ѓоковиќ го депортирале дека бил закана по јавното здравје

Федералниот суд на Австралија, четири дена по пресудата со која му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ, ги објави причините, зошто тројцата судии донеле таква одлука. „Присуството на Ѓоковиќ во Мелбурн би ги охрабрил оние кои мислат дека движењето против вакцинација е рационално“, смета судот.

Новак Ѓоковиќ, во 11 дена имаше две судења во Мелбурн. На првото визата му беше вратена, но откако министерот за имиграција, Алекс Хок, повторно му ја укина визата, судот ја потврди неговата одлука.

 

 

Присуството на Ѓоковиќ во Мелбурн претставувал ризик по јавното здравје.

„Парламентот јасно кажа дека во членот 116, министерот може да ја поништи визата, доколку смета дека носителот на истата, може да претставува ризик по здравјето на заедницата. Судот не ја разгледува мудроста на одлуката, ниту може да ја смени истата. Задача на судот е да одлучи дали министерот го почитувал законот кога побарал визата да биде укината. Се водеше голема дебата како да се пристапи кон оваа одлука. Министерот не е должен да ги образложи причините за укинувањето на визата, но тој сепак го направи тоа. Причините се внимателно наведени. Темите на охрабрување и однесувањето на спортскиот херој се провлекуваат низ наведените причини, предизвикуваат загриженост за здравјето и редот. И да не шампион на Австралија опен, господинот Ѓоковиќ, со своето присуство овде, со својот престој во Мелбурн, би ги охрабрил оние кои мислат дека движењето против вакцинацијата е рационално“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.