Крај на сагата – Дембеле веднаш треба да го напушти „Ноу Камп“

Усман Дембеле го завршил својот престој на „Ноу Камп“. Спортскиот директор на Барелона, Матеу Алемани, поврдил дека клубот го известил фудбалерот дека треба да си замине од клубот.

Договорот на второто најскапо засилување во историјата на Барселона, истекува на 30.јуни. Преговорите, кои траеја неколку месеци, околу новиот договор завршија неуспешно. Клубот тврди дека менаџерот на Демебеле поставил нереални барања.

 

 

„Јасно е дека Дембеле не сака да продолжи да игра за Барселона, Тој не сака да биде дел од нашиот проект. Му порачавме дека сакаме веднаш да го напушти клубот. Очекуваме дека Усман че биде продаден до 31.јануари“, рекол Алемани.

Дембеле, во 2017 година, се пресели во Барселона од Борусија Дортмунд. Каталонците за неговиот трансфер издвоија фиксни 105.000.000 евра и 35.000.000 евра низ разни бонуси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.