Крај на сезоната за Ансу Фати

Ансу Фати, најмалерозниот фудбалер на Барселона ја заврши сезоната. Младиот напаѓач, потврди дека го прифатил предлогот на клубот и дека ќе замине на нова операција.

Момчето кое од клубот ја доби „десеттката“, која ја носеше Лионел Меси, се повреди пред пет дена во Билбао. Во осмина-финалето, против Атлетик Билбао, Фати одигра 20 и нешто минути.

 

 

Се пожали на болка во бутниот мускул и со солзи во очите го напушти теренот.

Клупските доктори веднаш му предложиле операција, која треба да се изврши во Финска. Фати побарал неколку дена да размисли за овој предлог. На крајот прифатил.

„За жал минувам низ најтешките моменти во кариерата, но никогаш нема да се откажам. Ви благодарам за поддршката. Никогаш не се откажувај“, напишал Фати на „Инстаграм“.

Фати веќе имаше една долга пауза. Поради две операции на коленото тој минатата сезона играше само три месеци. Во кариерата има одиграно 53 натпревари за Барселона, на кои постигнал 18 голови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.