Нема откажување на Африканскиот куп на нацитеи и покрај трагедијата во Јаунде

Шефот на Конфедерацијата за африкански фудбал (ЦАФ), Патрис Мотсепе, потврди дека нема да има откажување на Африканскиот куп на нациите и покрај понеделничкото стампедо пред „Стад Долембе“ во камерунската престолнина Јаунде, во која загинаа 8 луѓе, а 7 се во критична состојба.

Пред мечот помеѓу Камерун и Коморите се урна една бариера и навивачите беа прегазени од луѓе што се обидуваа да влезат на стадионот.

 

 

„Беше отворена темата за откажување на мечевите, но заклучокот беше да се оддаде потребната почит, но како што кажаа и некои од повредените, едвај чекаат да излезат од болница и да одат на стадион. Ја видов страста на сите Камерунци и нивната љубов кон фудбалот, кој ги зближува луѓето“, вели Мотсепе.

Тој ја спореди ситуацијата со неговата татковина Јужна Африка, која беше расно обединета пред победата на Светскиот куп во рагби во 1995 година.

„Доаѓам од земја разделена според расата, каде што црните луѓе не смееја да играат фудбал со белите, така што сите ја знаеме моќта на фудбалот. Бев на стадионот со сопругата кога Нелсон Мандела го носеше дресот на капитенот на рагби-тимот, кој беше белец. Фудбалот треба да ги зближи луѓето од сите потекла на нашиот континент“, додава Мотсепе.

Шест лица загинаа во стампедо пред стадионот во Јаунде





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.