Шпанците се намачија со Полска, но влегоа во полуфинале

Шпанија е третиот полуфиналист на Европското првенство во ракомет во Унгарија и Словачка, откако се намачија за да стигнат до 28:27 (14:13) победа над Полска за да го осигураат местото во борбата за медалите.

Од групата 1, Данска и Франција веќе се во полуфиналето, додека во групата 2, покрај Шпанија во борбата за медали ќе се вклучи подобриот од нордискиот дуел меѓу Норвешка и Шведска, кој се игра во 20.30 часот.

 

 

Шпанците се првата репрезентација која ќе игра шест последователни полуфиналиња на Европските првенства, но победата над Полска сигурно не беше убедлива, откако Родриго Коралес мораше да ја брани победата со фантастична двојна одбрана во последната минута. Феран Соле и Агустин Касадо имаа по четири гола за Шпанија, додека кај Полјаците, Аркадијуш Морито со 6 гола беше најефикасен.

ЕУРО 2022, ГРУПА 2, 3.КОЛО

Шпанија – Полска 28:27 (14:13)

Русија – Германија 18.00 ч.

Шведска – Норвешка 20.30 ч.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.