Салах: Ако освојам трофеј со Египет тоа ќе ми биде најголем успех во кариерата

Најдобриот фудбалер на Египет, Мохамед Салах, ќе има тешка задача во осмина-финалето на Африканскиот куп. „Фараоните“ за пласман во наредната рунда ќе се борат со репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска.

Салах не крие дека сака да го освои пехарот со Египет. Рекол дека најголем успех во кариерата би му бил доколку победи со Египет на Африканскиот куп.

 

 

Египет се рекордери со седум трофеи на Купот на Африка. Последниот пат победиле во 2010 година, а последенн пат финале играле во 2017 година.

„Сакам да освојам трофеј со репрезентацијата. Тој трофеј би бил ми значел многу, би ми бил најдраг во кариерата“, рекол Салах.

Дуелот со Брегот на Слоновата коска ќе биде 79. за Салах во националниот тим.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.