ПСЖ мора да реши Донарума или Навас

Џиџи Донарума минатото лето реши како слободен играч да го напушти Милан. Од неколкуте понуди што ги доби, реши да ја прифати финансиски најдобрата. Донарума како МВП на Европското првенство се пресели во ПСЖ.

Маките во Париз започнаа од првиот ден, кога дозна дека ќе ја дели минутажата со Кејлор Навас.

Во финишот на сезоната Донарума им испрати јасна порака на клупските челнци, сака да остане, но тренерот ќе мора да донесе одлука кој ќе биде прв избор на голот, тој или Навас.

„Сакам да останам во ПСЖ. Ова не беше лесна сезона бидејќи бранев половина од натпреварите и не можев да го дадам својот максимум”, изјави Донарума.

„Повторно борба со Кејлор Навас следната година? Не, нема да биде така. Клубот ќе мора да направи избор во тој поглед“.

23-годишниот голман оваа сезона за ПСЖ играше 23 пати во сите натпреварувања, додека Навас бранеше на 25 натпревари. Тој има договор со ПСЖ до летото 2026 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.