На Челси му се заканува пропаст, ќе го преземат ли Американците навреме?

Судбината на англискиот премиерлигаш Челси и понатаму е неизвесна, тврдат медиумите на Островот. Се чинеше дека се е готово со преземањето на Челси од американските сопственици за речиси 5 милијарди евра.

Клубот ја објави продажбата преку своите официјални канали, но како што пренесува „Скај њуз“ целата зделка е под голем под знак прашалник.

Имено, британската влада бара од Роман Абрамович сертификат каде по продажбата ќе завршат околу 3 милијарди евра. Рускиот сопственик ги дал своите гаранции, но англиските власти не се сигурни во тоа и сега продажбата се одложува. Се шпекулираше дека парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за обнова на разурнатите делови на Украина.

Најголем проблем е што клубот мора да добие нови сопственици до крајот на мај, во спротивно нема да добие лиценца и ќе биде исфрлен од Премиер – лигата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.