ЦСКА Москва бара и следната сезона да биде дел од Евролига

Рускиот кошаркарски клуб ЦСКА Москва е сериозно заинтересиран за учество во Евролигата и следната сезона. Иако руските клубови официјално се суспендирани, московјаните испратиле писмо до сите акционери на елитното европско кошаркарско натпреварување а во кое ги информирале за нивната намера.

Факт е дека тие се делумни сопственици на ова натпреварување, поради што и бараат ваков исход.

Од друга страна, челниците на Евролигата се обидуваат да најдат начин како да и ја одземат долгогодишната лиценца на ЦСКА Москва, а поради санкциите кон руските клубови.

Се очекува клучен состанок за ова прашање да се одржи за време на претстојниот фајнал-фор во Белград.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.