Црна Гора на местото на Русија на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора по административен пат ќе се пласира на завршницата на Европското првенство. Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа, предложи Црна Гора да ја замени Русија на Европското првенство.

Собранието на ФИБА Европа конечната одлука ќе ја донесе в сабота, во Вилнус.

Според правилата, во случај некоја екипа да не може да учествува на првенството, нејзиното место го зазема тимот што имал најдобар учинок, но не се квалификувал. Со оглед на тоа што избраниците на Бошко Радовиќ се единствени со три победи кои останаа под линијата, тие се први на оваа листа.

Доколку нема непредвидени промени, избраниците на Радовиќ ќе играат во групата А во Тбилиси, со домаќинот Грузија, Шпанија, Турција, Белгија и Бугарија.

Четирите најдобри селекции ќе се пласираат во нокаут фазата која ќе се игра во Берлин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.