Ким Џонг Ун заедно со ќерката ја посети војската: На светот му покажа со што располага

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги обиколи војниците по повод 75-годишнината од основањето на севернокорејската војска, придружуван од неговата ќерка Ким Јо Ае.

Во таа прилика тој нагласи дека неговата армија „е сила на која не може да се одолее“, соопшти денеска севернокорејската државна агенција КЦНА.

Неговата ќерка по четврти пат се појави во јавноста заедно со нејзинитe татко и мајка Ри Сол Јо, што ги подгреа шпекулациите дека таа е можен наследник на Ким Џонг Ун, пренесува АП. Севернокорејските државни медиуми често го нарекуваат Ким Ју Ае како „почитуван“ и „сакан“.

Според аналитичарите, одлуката на Ким Џонг Ун да ја одведе својата ќерка на настани поврзани со севернокорејската војска испраќа сигнал до светот дека нуклеарното оружје е најсилната гаранција за континуираното владеење на династијата Ким.

Воената посета доаѓа бидејќи има навестувања дека Северна Кореја се подготвува за голема воена парада во Пјонгјанг. Се очекува на оваа парада Северна Кореја да ги прикаже своите најнови воени достигнувања и напредок во развојот на нуклеарно оружје, што ги загрижува земјите од регионот и САД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.