Русија го исмева новиот потег на Европа: Тоа и пркоси на секоја логика

Потегот на Европската унија да додаде „исклучоци“ на горната граница на цените на нафтените деривати покажа дека руската нафта се уште е барана. Ова го изјави рускиот вицепремиер, Александар Новак, пренесува Ројтерс.

„Вчера видовме уште една промена во регулативите на Европската унија – исклучоци“, рече тој во коментарите што ги пренесе руската новинска агенција ТАСС.

„Ова уште еднаш нагласува дека нашите нафтени деривати се барани во Европа, кога европските политичари укажаа дека нивните постапки пркосат на секаква логика во донесувањето такви одлуки и размислуваат како да излезат од оваа ситуација“, рече тој.

Европската унија минатата недела соопшти дека се согласила да постави горни граници за руските рафинирани нафтени деривати за да ја ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина.

Во исто време, ЕУ воведе неколку исклучоци од начинот на кој функционира нејзината граница на цените.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.