Бајден: Се спротивставивме на агресијата на Путин, го направивме она што Америка најдобро го прави

Во своето обраќање за состојбата на нацијата, американскиот претседател Џозеф Бајден нагласи дека Соединетите Држави се спротивставуваат на руската агресија во Украина и рече дека САД ќе стојат покрај Украина се додека е потребно.

„Заедно со НАТО покажавме сила наспроти руската агресија против Украина. Заедно, го направивме она што Америка го прави најдобро. Водевме! Го обединивме НАТО и изградивме глобална коалиција. Се спротивставивме на агресијата на Путин и го поддржавме украинскиот народ“, рече Бајден.

Тој му рече на украинскиот амбасадор, кој беше присутен за време на обраќањето на Бајден, дека САД се обединети во поддршката на Украина.

Бајден се осврна и на односите со Кина во светлината на неодамнешната расправија – кинеските балони за кои американските власти тврдат дека се шпионажа, објави Гласот на Америка.

Американскиот претседател не зборуваше конкретно за случајот, нагласувајќи дека јасно му кажал на кинескиот претседател дека САД се залагаат за конкуренција – не за конфликт,пренесе Н1.рс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.