Нов земјотрес во Турција со јачина од 4,9 степени

Утринава во 8 часот и 48 минути е регистриран афтершок земјотрес со јачина од 4,9 степени во Турција.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 40 километри и 26 километри оддалечен од градот Гоксун, каде живеат околу 34.200 жители.

Турција во понеделникот ја погоди разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, а подоцна во текот на денот и со јачина од 7,5 степени.

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани, додека бројот на загинати по разорните земјотреси долж границата меѓу Турција и Сирија надмина 8.700.

Екстремните зимски временски услови влијаат на спасувачките напори. Потенцијална опасност се и последователните потреси – најмалку 125 магнитуда од 4,0 или повеќе ја погодија областа од понеделникот.

Иако нивната фреквенција и јачина се намалуваат, сепак се можни последователни потреси од 5,0 до 6,0+ и носат ризик од дополнителна штета на ранливите структури и постојана закана за спасувачките тимови и преживеаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.