Инфлуенсерка од Турција паднала од петтиот кат и починала, нејзините последни објави ги загрижија фановите

Инфлуенсерката на „Тик-ток“, Кубра Ајкут, трагично почина кога падна од петтиот кат од луксузна станбена зграда во Турција.

 

26-годишната девојка, која стекна светска слава благодарение на виралното видео „Свадба без младоженец“, наводно била пронајдена мртва минатиот понеделник во областа Султанбејли во Истанбул.

 

Според весникот „Сан“, покрај нејзиното тело била пронајдена проштална белешка.

 

Веста доаѓа откако ѕвездата на социјалните мрежи, која има милион следбеници на „Тик-ток“ и над 200.000 на „Инстаграм“, ги загрижи фановите со неодамнешните објави за слабеење. Таа напиша: „Имам енергија, но се чини дека не можам да се здебелам. Секој ден губам по еден килограм. Не знам што да правам. Итно треба да се здебелам“.

 

Ајкут стана позната на „Тик-ток“ по организирањето раскошна венчавка во 2023 година без партнер. Таа облече прекрасен бел фустан и тијара за церемонијата и изјави: „Не можам да најдам соодветен младоженец за мене“.

 

Нејзиното тело беше вратено во родниот град Бурса, каде што беше погребана. На погребот присуствуваа пријатели, најблиските и колеги од социјалните мрежи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.