На светот му требаат лидери кои не се за војна, изјави Орбан за поддршката за Трамп во Охрид

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, смета дека поранешниот претседател и актуелен кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп се залага за мир во светот.

 

Одговарајќи на новинарско прашање во Охрид за поддршката за Трамп, Орбан изјави дека ако САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш во светот ќе има војна, а ако сакаат да има мир, треба на чело на САД да биле политичар кој е за мир, а Доналд Трамп е за мир.

 

Тој рече дека Унгарија уште на изборите во 2016 година била поддржувач на Трамп, без намера да се меша во американските избори, иако постои мешање во унгарските избори.

 

Според него, политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита.

 

„Ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е поради тој елитистички круг на застарени политичари. Тие не можат да се справат со светските предизвици, па затоа треба да поддржиме енергични политичари. Западната елита нема свежа крв, таа е стегната во тесен круг и ги губи позициите на светската политичка сцена“, изјави Орбан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.