„Никогаш не сум видела толку луѓе без покрив над главата“ – ураган го опустоши југоисточниот дел на САД, најмалку 64 лица загинаа

Поројните дождови од ураганот Хелена оставија голем број луѓе без домови ширум југоисточниот дел на Соединетите држави, а во тек е расчистување откако силната бура однесе најмалку 64 животи, предизвика голема штета и остави милиони без струја.

 

– Никогаш не сум видела толку луѓе без покрив над главата како сега – изјавила Џаналија Ингланд, жителка на Флорида, пренесува АП.

Ураганот Хелена се спушти во регионот Биг Бенд на Флорида во четвртокот вечерта како ураган од четврта категорија со ветрови до 145 милји на час.

 

 

Невремето продолжи да се движи низ американската држава Џорџија, а потоа низ Јужна и Северна Каролина и Тенеси. Западниот дел на Северна Каролина беше отсечен од одрони од кал и поплави кои ги затворија автопатот 40 и другите патишта.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.