Тешко повредените во Нови Сад се уште критично, обвинителка: Веќе немаме доверба
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 04 Ноември 2024
Тројца од повредените кои се на лекување во Клиничкиот центар во Војводина се уште се во критична состојба, јавува 021.рс.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад во саботата соопшти дека во врска со несреќата и смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад се сослушани 26 лица, меѓу кои и министерот за градежништво Горан Весиќ, додека уште 14 лица беа сослушани во неделата.
Обвинителката на Вишото јавно обвинителство во Белград, Бојана Савовиќ изјави дека не е можно сериозно да се испрашуваат повеќе од 20 лица во еден ден.
„Би било смешно некој да интервјуира 26 луѓе во еден ден. Тоа не се прави така, не можете да слушате толку многу луѓе во еден ден“, рече таа, пренесува порталот 021.
Таа предупреди дека во овој случај „повторно имаме ситуација во која пред јавноста се појавуваат политичари и квази аналитичари“ и, како што рече, „повторно не го гледаме обвинителот“.
„Од министри и таблоиди учиме кој и колку бил испрашуван, наместо овие работи да ги учиме од обвинителите“, посочи таа.
Коментирајќи ги наводите дека договорот за реконструкција на железничката станица во Нови Сад е „деловна тајна“, Савовиќ посочи дека овој договор не може да биде доверлив бидејќи е нешто од јавен интерес.
„Нашите надлежни органи имаат право да го видат тој договор. Нашата земја е обврзана да го има тој договор бидејќи тој договор го бараме од државата, а не од Кинезите“, додаде таа.
Запрашана за реакциите на претставници на актуелната власт по несреќата во Нови Сад, Савовиќ изјави дека се плаши дека „овој пат го бранат неодбранливото“. Таа изјави и дека довербата во експертите и увидот е под знак прашалник.
„Се плашам дека веќе на ништо не веруваме и тоа е најстрашното нешто… Проблемот е што кога некој ќе нè излаже многу пати, тогаш не веруваме на ниту еден збор што ќе го кажат“, вели таа.
Таа предупреди и дека „струката“ може да биде било кој, односно дека не е доволно дефинирана, особено ако се земат предвид случаите на купени дипломи.
„Секогаш ќе најдете лекар или градежник кој ќе ги застапува вашите ставови за некоја надокнада и ќе го прогласите за струка и потоа ќе им кажете на луѓето дека струката го кажала тоа“, рече таа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс