Мигрант херој - спаси дете што висеше на балкон од 4-ти кат

Мамуду Гасама

Мигрант од Мали стана херојот на Париз откако се искачи по надворешната страна на зграда во Париз за а спаси дете што висеше од балконот на четвртиот кат. Видеото од спектакуларното спасување стана вирално на социјалните мрежи.


За помалку од една минута Мамуду Гасама од Мали се искачи по оградите од балконите на зградата, го грабна детето за рака и го спаси додека соседите од балконот до него се обидуваа да му помогнат.


Претседателот на Франција Емануел Макрон го покани Гасама во Елисејската палата за да му се заблагодари лично за херојскиот и пожртвуван подвиг.


Градоначалничката на Париз Ан Идалго го пофали херојското дело на 22-годишниот Гасама и му се јави за да му се заблагодари.


Драмата се одвиваше завчеравечер во северниот дел на Париз.


„Го спасив бидејќи е дете. Се качував... фала му на бога што го спасив“, изјави Гасама за весникот „Le Parisien.


Париската противпожарна служба соопшти дека кога дошла екипата, детето веќе било спасено.


Локалните служби изјавија дека родителите на детето не биле дома кога се случил инцидентот.


Таткото е на распит во полиција под сомнение за оставање на малолетно дете без соодветен надзор и грижа, а мајката наводно не била во Париз кога се случил инцидентот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.