All for Joomla All for Webmasters

Протести за „грчкиот карактер на Македонија“ низ повеќе градови во Грција

Протести во Грција

За 6 јуни во 19.30 часот, организаторите на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“, закажаа нови, паралелни демонстрации низ повеќе градови во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.


Последните случувања во преговорите за името е главниот повод за новите активности, според „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ што се јавува како организатор.


По Солун и Атина, како што соопштуваат организаторите, сега се во контакт со локалната администрација за одржување протести во други градови, но и за добивање поддршка „во борбата на грчките граѓани против распродавањето на името на Македонија“.


-Преку овие протести, Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија ќе се обиде да ги потсети политичарите во земјата дека грчкиот народ донесе одлука во врска со името на Македонија и бара примена на одлуките. Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија ѝ разјаснува на грчката Влада дека ниту едно име што го вклучува терминот „Македонија" не може да биде прифатено од страна на грчката страна, пишува во соопштението на организаторите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.