По грешка убиени девет лица во Авганистан

Рација во Авганистан

Најмалку девет лица, главно цивили, по грешка се убиени за време на рација на авганистанскитре сили на една куќа во источната провинција Нагархар, соопштија локалните власти.


Гувернерот на провинцијата Хајатула Хајат изјави дека уште осум лица се ранети за време на рацијата, спроведена доцна синоќа во овбласта Чапархар.


Меѓу жртвите е и командантот на локалните полициски сили.


Хајат рече дека од куќата се слушнала пукотница, но по операцијата било утврдено дека жртвите се главно цивили.


Покрената е истрага која би требало да утврди како операцијата резултирала со цивилни жртви. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.