Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија

Група маскирани лица синоќа предизвикаа инциденти во центарот на Солун во делот пред објектот на солунскиот саем, каде што се одржува политичката дискусија на тема „Македонското прашање: придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ организирана од СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Со палки, дрва, мермер и камења маскираните лица ја нападнаа полицијата која во голем број го обезбедуваше објектот. Групата успеа да ja откорне и метална врата, додека пак полицијата одговори со употреба на солзавец.

 

Подоцна, инцидентите се префрлија низ улиците на Солун, а маскираните лице запалија канти за отпадоци.

 

-На 17 јуни ја потпишаа нивната конечна и неотповиклива пресуда, отстапувајќи го македонското културно наследство и признавајќи паралелно македонски јазик и идентитет за една државичка на Словените. Но не останаа само на тоа, туку се обидуваат да не убедат за „огромниот успех“ на оваа нивна постапка и организираат настан за „придобивките“ од договорот, соопштуваат навивачите на ПАОК.

Независно од овој протест, на мирен собир, пред културниот центар во Солун повикуваа и од солунското движење под име „Движење Свирам“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.