Продолжува акцијата за спасување на децата во Тајланд

Почна денешната операција на спасување на останатите 8 момчиња и тренерот во Тајланд. Министерството за внатрешни работи информирало дека истите нуркачи што вчера влегле во пештерата и извадиле четири момчиња, влегле и денеска.

 

За четирите момчиња спасени од пештерите Там Луанг беше соопштено дека се со „добро здравје“, иако сѐ уште се чекаат резултати од тестовите. Сите четири момчиња се на безбедно и се лекуваат во болница во Чианг Раи, најблискиот град.

 

Тие сѐ уште не се во можност да ги видат своите семејства, иако висок официјален претставник за здравство изјави дека тие треба да бидат во можност да ги видат подоцна денеска, но да нема „гушкање и допирање“ додека не се добијат резултатите од тестот.

 

Операцијата за спасување требаше да продолжи меѓу 7 до 17 часот по локално време денес. Координаторот на спасувањето рече дека на нуркачите им требаат помеѓу 10 и 20 часа да се одморат и да се подготват за работата денеска.

 

Останатите осум момчиња и нивниот тренер остануваат под земја на првичната локација во близина на плажата Патаја.

 

Спасувачкиот тим што во неделата вечер ги извади четирите момчиња е составен од 13 странски нуркачи и пет тајландски маринци.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.