Директорот на ДПА избран за претседател на Европската алијанса на информативни агенции

Генералното собрание на Европската алијанса на информативни агенции (ЕАНА) денеска за свој претседател го избра генералниот директор на германската ДПА Петер Кропш.

 

На конференцијата на ЕАНА во Варшава беше избран и генерален секретар на организацијата, при што мнозинството гласаа за директорот на романската агенција Аџерпрес Александру Џибој.

 

На форумот учествуваа над 30 претставници на големи информативни агенции, кои разговараа за иднината на националните информативни агенции во Европа, нивната соработка со државните институции, бизнис модели, како и за обуката на идните новинари и нивната подготовка за новите услови на медиумскиот пазар.

 

ЕАНА е наследник на Унијата на телеграфски агенции основана во 1924 година, а која ги прекина своите активности за време на Втората светска војна. Алијансата е основана на 21 август 1956 година на конференција во Стразбур како форум за дискусии, размена на информации и искуства меѓу новинските агенции. Денес има речиси 30 членки, од кои повеќе од половина се во државна сопственост.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.