Бугарскиот парламент избра тројца нови министри

Бугарскиот Парламент денеска избра тројца нови министри - за внатрешни работи, за регионален развој и транспорт, по „вжештувањето“ на дебата во јавноста за способноста на Владата во врска со квалитетот на патиштата и безбедноста на сообраќајот.

 

Промените во Владата следеа по автобуската несреќа во која загинаа 17, а беа повредени повеќе од 20 лица.

 

Собранието го поддржа изборот на директорот на телекомуникацискиот регулатор Росен Зек Јазков за министер за транспорт, пратеникот од владејачката партија ГЕРБ, Петја Аврамова за министерот за регионален развој и на генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Младен Маринов за нов министер за внатрешни работи.

 

Опозициската Социјалистичка партија гласаше против изборот, барајќи оставка на целата влада.

 

Засега, не постои ризик од појава на политичка нестабилност или предвремени избори сметаат аналитичари и додаваат дека Владата треба да продолжи со спроведување на реформите пред европските избори следната година, кои се гледаат како на тест за тоа дали ќе  може да го отслужи целосен мандат





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.