Русија сака да се откаже од заедничкиот проект со НАСА

Постои можност Москва да се откаже од проектот за изградба на вселенска станица во орбитата на Месечината заедно со американската агенција за вселенски истражувања (НАСА), бидејќи Русија не сака да игра улога како втор и неважен играч, изјави денеска рускиот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.

 

Русија минатата година се согласи да соработува со НАСА за плановите на станицата која ќе служи за идните мисии.

 

Сепак, Рогозон истакнува дека Москва може да се повлече од заедничката програма и наместо тоа, ќе предложи свој проект за вселенска станица во лунарната орбита.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.