Иран им се закани на САД и Израел по нападот во Ахваз

Иран им се закани на САД и на Израел дека ќе понесат одговорност за нападот врз парада на иранската Револуционерна гарда во западниот град Ахваз, во кој беа убиени 29 лица, а повредени над 70.

 

Исламската држава презема одговорност за нападот, а иранските власти ги обвинија соседните арапски држави, како и САД и Изрaел.

 

- Сте виделе како сме се одмаздувале порано. Ќе видите дека нашиот одговор и сега ќе биде поразителен, и ќе зажалите за тоа што го сторивте, изајви генерал Хусеин Салами, заменик командант на Револуционерната гарда, при погребот на убиените војници.

 

Револуционерната гарда е елитната армиска единица на Иран, а 12 од убиени лица се војници на Гардата. Повеќето од жртвите се од Ахваз или од пошироката нафтена област Хузестан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.