Рускиот опозициски активист Навални пуштен од затвор и веднаш повторно уапсен

Рускиот опозициски активист Алексеј Навални денеска беше уапсен во Москва, веднаш по пуштањето од затвор.

 

Навални беше осуден на 30 дена затвор поради организирање на протест без дозвола. Таа казна му истече, но веднаш по ослободувањето, полициски службеници го привеле под сомнение за друго дело за кое може да добие 20 дена затвор и казна од 4.000 евра.

 

Апсењето доаѓа во време на протести низ Русија против најавената пензиска реформа, за која граѓаните стравуваат дека ќе ги намали и одложи пензиите. Повеќе илјади Руси досега протестираа против пензиската реформа, а над 800 беа уапсени во изминатите денови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.