Раб: Убеден сум дека ќе постигнеме договор со ЕУ

Британскиот министер задолжен за Брегзит, Доминик Раб денеска изјави дека е убеден оти е остварен напредок и  на крај ќе биде постигнат договор за излегување на Велика Британија од Европската унија.

 

- Ги продолжуваме преговорите во добра верба, се обидуваме и ќе го добиеме најдобриот можен договор, иако сме подготвени за сите опции... Убеден сум дека ќе постигнеме договор, посочи Раб.

 

Британската премиерка Тереза Меј во петокот изјави дека преговорите со ЕУ се во ќор-сокак и апелираше до Брисел да даде свои предлози откако беа одбидени предлозите на Лондон.

 

Раб истакна дека е важно да не се реагира претерано на „тврдоглавоста“ на Брисел, бидејќи мора да се очекуваат повремени застои во преговорите.

 

- Мораме да бидеме подготвени за можноста другата страна да не е подготвена да излезе во пресрет на нашата желба во преговорите да се постигне взаемно прифатлив договор и оти за танго се потребни двајца, наведе Раб.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.