Жените на 60 години ќе одат во пензија

Рускиот Совет на федерацијата на пленарно заседание денеска го одобри законот за измени во пензиските параметри, кој вклучува зголемување на старосната граница за пензионирање.

 

За законот гласаа 149 сенатори, против беа петмина, а тројца беа воздржани.

 

Возраста за пензионирање се зголемува за пет години - од 60 на 65 за мажите и од 55 на 60 за жените. Првичниот предлог беше возраста за пензионирање на жените да зголеми на 63 години, но претседателот Владимир Путин предложи сепак границата да изнесува 60 години.

 

Освен тоа, во споредба со првичниот предлог, се намалува за три години и стажот кој е неопходен за предвремено пензионирање, 42 години наместо 45 за мажите, и 37 наместо 40 за жените.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.