Канада се подготвува за легализација на канабисот
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 15 Октомври 2018
Во Канада се спроведуваат последни подготовки по повод усвојување закон за легализација на канабис, а на провинциите им е оставено до среда да утврдат правни детали за неговото спроведување.
- Со тоа, Канада ќе стане втора држава во светот што ќе легализира канабис, а нејзиното искуство одблизу ќе го следи Западот, најави либералниот премиер Џастин Трудо.
Локални медиуми јавуваат дека во одделни покраини легализацијата логистички можеби ќе создаде многу проблеми.
Канаѓаните во иднина ќе може да одгледуваат, поседуваат и конзумираат марихуана во рекреативни цели.
Пред пет години Уругвај стана прва држава во светот што легализира канабис.
Деривати како производи за конзумирање, козметика и електронски цигари што содржат канабис нема да бидат легални до 2019 година.
Се очекува тој потег на економијата да и генерира од 816 милиони до 1,1 милијарда долари во четвртиот квартал.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс