Трамп: Никој од сојузниците не се однесува толку непријателски кон САД, како ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден од сојузниците не се однесува толку непријателски кон САД, колку Европската унија.

 

- Што значи сојузник? Ние имаме прекрасни односи со многумина. Но никој не се однесува со нас толку лошо, како ЕУ, истакна Трамп во интервју за телевизијата Си Би Ес.

 

Тој нагласи дека Кина претставува посериозна закана за САД од Русија, ако се земе предвид мешањето во избори.

 

Исто така, Трамп изјави дека САД имаат точна информација дали Северна Кореја произведува нови ракети, додавајќи дека Пјонгјанг одамна нема извршено нови ракетни тестирања.

 

Американскиот претседател веројатно призна дека климатските промени се реални, но сепак изрази сомнеж дали тие се предизвикани од човечко невнимание.

 

- Мислам дека нешто се случува. Нешто се менува и повторно ќе се врати назад. Не мислам дека тоа е измислица, веројатно има разлика. Но не знам дали е човечко дело. Не сакам да давам трилиони и трилиони долари. не сакам да губам милиони и милиони работни места. Не сакам да се наоѓам во непријатна ситуација, нагласи Трамп во интервјуто. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.