Џихадисти остануваат во зоната на Идлиб спротивно на руско-турскиот план

Џихадисти остануваат во зоната од која требаше да се евакуираат до денеска наутро, и имаат намера да ги продолжат борбите со што се ослабнува руско-турскиот договор за Идлиб замислен да се избегне напад на режимот на Асад врз последното бунтовничко упориште во Сирија.

 

Вооружената група Хает Тахрир-ал Шам соопшти дека ќе ги продолжи борбите во сириската провинција Идлиб.

 

– Нема да се откажеме од џихадот и борбите за постигнување цели на нашата благословена револуција, и тоа пред се – смена на криминалниот режим, се вели во соопштение од таа група што контролира најголем дел од Идлиб.

 

Сирискиот Центар за човекови права вчера соопшти дека минорфрлачки оган од идната демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб може да ја загрози примената на руско-турскиот договор пред клучниот рок за формирање на таа зона.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.